Руски космонаути за првпат испринтаа ткиво на живи организми во вселената откако нивниот прв обид пропадна поради несреќата со Soyuz.
Со помош на биопринтер изграден од медицинската компанија Invitro, космонаутот Олег Кононеко испечати човечко ткиво и штитна жлезда од глодар.
Целта е да се види како микрогравитацијата на вселената влијае на развојот на живи ткива на живи организми и органи, со идеја дека во иднина луѓето ќе патуваат во вселената.
НАСА исто така планира сличен експеримент во 2019 година, но Русија тоа успеа прва да го направи.