Honor објави тизер фотографија на својот Weibo профил за претстојниот Honor 8A телефон. Honor 8A ќе биде официјализиран на 8. јануари во Кина, судејќи според информациите од промо фотографијата.
Телефонот ќе има 64 GB простор за складирање на податоци, осмојадрен чипсет и дисплеј со засек во облик на капка.
Претходно овој месец, TENAA сертификациското тело одобри три модели на телефони – JAT-AL00, JAT-TL00 и JAT-L29. Сите три ознаки на модели на подоцна поврзани со Honor 8A телефонот.
Honor 8A ќе има 6.08-инчен HD+ IPS LCD екран, 2.3GHz осмојадрен чипсет, 3GB RAM, 32 Gb или 64GB простор за складирање, 3 MP главна камера и 8 MP предна камера. За софтверот е задолжен EMUI, преку Android 9 Pie верзија.