Милијардерот Елон Маск ја одведе новинарката Гајл Кинг од CBS на пробно возење во тунелот во Лос Анџелес. Новинарката „умре“ од страв.
„Не можеме да излетаме од шините, нели?“, плашливо го прашува таа Маск.
„Не сакам да се движиме побрзо од ова, не благодарам“, му одговара Кинг на Маск, кој вели дека се движат многу побавно од планираните 240 километри на час.
Тој во интервјуто во текот и по возењето ги наведе причините кои го поттикнале да го изгради тунелот. „Пред сè тука е големиот метеж во Лос Анџелес кој ме убива“, вели Маск.
Тој го отвори тунелот со визија да направи револуција во превозот во милионските градови со сообраќаен метеж. Тој се надева дека тунелот, долг 1,83 километри, е почеток за изградба на мрежа на подземни автопатишта.
Пробниот тунел се наоѓа под предградие во Лос Анџелес каде што се сместени две компании на Маск – Boring Company, која го ископа тунелот, и компанијата за развој на вселенски ракети SpaceX.