Apple го најми Ендру Ким, кој претходно работеше во Tesla и Microsoft, за да го надгради својот тим од дизајнери. Ким го привлече вниманието во 2011 со персонализирана iOS device stand и во 2012 кога, како фан, ја сподели својата визија за засенување на јазикот за дизајн и брендинг на Microsoft. Тој потоа му се придружи на Microsoft и помогна во изработката на Windows 10 интерфејсот како и на HoloLens и Xbox One S, пред да почне да работи во Tesla.
Како сениор дизајн менаџер во автомобилската компанија, Ким вели дека работел на Model 3, S, X и Y како и на Roadster V2 и Semi. Доаѓањето на Ким во компанијата, како и главниот инженер за автомобили од Тесла кој се врати повторно во Apple заедно со уште неколку други вработени, може да значи дека компанијата повторно се обидува да креира свој автомобил.
Џони Ајв најверојатно повторно ќе претставува највлијателна личност за клучните одлуки во областа на дизајнот во Apple. Но, додавањето на идеите кои доаѓаат од некој како Ким во целиот тој микс може само позитивно да влијае на идните производи на Apple.
Поврзани артикли