Компанијата Huawei официјално го претстави својот нов смартфон четири недели откако го објави тизерот за истиот.
Се работи за смартфонот Nova 4 кој најмногу привлече внимание поради кружниот засек во екранот каде се наоѓа селфи камерата од 25 мегапискели. Овој дизајн е најверојатно замена за досегашниот засек на горниот дел од екранот кој започна со Apple X.
Samsung на некој начин ги надмудри Huawei со претставувањето на сличното решение на смартфонот A8s минатата недела, но кружниот дел на екранот на Huawei е помал од тој на Samsung.
Минатата недела брендот Honor на Huawei го најави View 20 смартфонот кој има многу заедчнички работи со Nova 4. Освен истите кружни дупчиња на екранот за камерата, двата уреда имаат задна камера од 48 мегапиксели. Оваа камера доаѓа во склоп со уште две во случајот кај Nova 4, а од Honor се уште не го покажале заедно дел на View 20.
Nova 4 има Kirin 970 процесор, кој се наоѓа во смартфоните View 10 и Huawei P20 Pro, додека пак новиот смартфон на Honor ќе го користи најновиот процесор Кирин 980.
Што се однесува до останатите спецификации на телефонот Nova 4, тој има 6,4 инчен екран со 2.319×1.080 пиксели резолуција, 8GB RAM, 128 GB интерна меморија, сензор за отпечаток од прсти на задната страна, 18W брзо полнење со помош на USB-C кабел и батерија 3,700 mAh.
Nova 4 ќе чини околу 490 долари, но ќе се појави и поевтин модел кој наместо камера од 48 мегапиксели ќе има камера од 20 мегапиксели. Тој модел ќе чини 450 долари.
Поврзани артикли