Платфромата Tumblr, чија целна група воглавно се помладите генерации е позната е по многубројните порнографски и еротски содржини. Овие содржини се веќе отстранети и апликацијата конечно се врати во App Store за iOS уредите на Apple.
Апликацијата беше отстранета од Apple продавницата уште во ноември, а како последица на тоа што Tumblr се насочи кон поагресивно модерирање на содржините и што таканаречените „содржини за возрасни”, станаа стандардна default опција уште во февруари 2018 година.
Бидејќи Tumblr не можеше да се носи со губитокот на iOS корисниците, беше најавена забрана на еротските содржини, што на крајот доведе до тоа да се врати во продавницата на Apple.
Останува да се види колку оваа промена ќе влијае на базата корисници, бидејќи има се повеќе незадоволни кои овој потег го нарекуваат беспотребна цензура.