Компанијата Apple планира да отвори над 20 000 нови работни места во САД во наредните пет години, а за таа цел ќе потроши милијарда долари за изградба на нов кампус во Остин, Тексас.
Во Остин веќе има кампус со 6.200 вработени, најголемиот по седиштето на Apple во Калифорнија.
Новиот кампус ќе се наоѓа на околу еден километар од постоечкиот и ќе се протега на 133 акри, се вели во соопшението на компанијата објавено денес. Со тоа Apple ќе стане најголемиот работодавач во градот со работна сила од 5 000 вработени и капацитет за уште 10 000.
Компанијата исто така планира да отвори нови канцеларии и во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити, Калифорнија, во наредните три години. Во секоја од нив ќе работат по околу 1 000 вработени.
Ваквата одлука следува откако минатата година беше донесен закон со кој на Apple ѝ се оневозможува да го избегне плаќањето данок на остварениот меѓународен профит. Во јануари компанијата објави дека ќе инвестира 30 милијарди долари во изградба на свои простории во САД и дека до 2023 година ќе вработи уште 20 000 луѓе.
Во следните пет години, Apple исто така ќе инвестира и 10 милијарди долари во центри за податоци во САД, од кои 4,5 милијарди долари ќе бидат потрошени оваа и следната година.