Според податоците на „Еуромонитор“, Ерусалим е најбрзорастечки град во светот кога станува збор за туризмот, па така оваа година регистрирани се 4,8 милиони посетители.
Меѓу десетте најпосетени градови во светот годинава биле и Бангкок, Лондон, Сингапур, Макао, Париз, Дубаи, Њујорк, Куала Лумпур и Шенжен.
Интересно е тоа што на листата за 100 најпопуларни дестинации речиси половина се наоѓаат во Азија.
Покрај Ерусалим, градови во Јапонија и Индија се издвојуваат како примамливи дестинации за туристите, па така во Осака и Чиба се регистрирани дури 45 отсто повеќе туристи од минатата година, а во Делхи и Мумбај за 20 отсто.
Најпосетуваната дестинација во светот е Хонг Конг, која од почетокот на годинава ја посетиле повеќе од 29 милиони туристи.