Сондата ИнСајт (InSight) на американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии од Марс направени со роботска рака која држи камера. Сондата направи серија фотографии кои НАСА ги претвори во прекрасен мозаик на слики од Марс.
InSight слета на планетата Марс на 26 ноември, а научниците се задоволни што сондата слетала на Црвената планета, на подрачје кое нема камења, ридови и дупки, како што вообичаено се замислува таа планета.
Научниците први можеа да се воодушеват на црвениот песок на Марс.
Сондата пред неколку дена ги сними и првите звуци на ветрот, кој, како што се проценува, бил со брзина од 16 до 24 километри на час. Научниците истакнаа дека станува збор за први звуци од Марс кои човечкото уво може да ги слушне.
Леталото е направено по примерок на претходното – Марс Феникс.
Роботската рака на сегашното летало е долга околу 1,8 метри.
Поврзани артикли