Кога ќе го напишете зборот „идиот“ на Google и кликнете на опцијата „имиџис“ на врвот на страницата се појавуваат фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп, и на речиси секоја од нив тој има шокиран израз на лицето.
Врската меѓу поимот „идиот“ и фотографијата од Трамп некои ја поврзуваат со фактот дека британските демонстранти ја додале песната од групата „Грин деј“ – „Американ идиот“ на врвот на британските листи за време на посета на американскиот претседател.
Исто така, на вебсајтот Reddit поставени се текстови што содржат фотографии од американскиот претседател покрај кои се наоѓа и зборот „идиот“. Целта била манипулирање со базата на податоци на пребарувачи, која во пракса е позната како „Гугл бомбардирање“.
Извршниот директор на Google, Сандер Пичаи, рекол дека на резултатите од пребарувањето не влијаат вработените во Google и дека тие не се политички пристрасни.
Моментално зборот „идиот“ е најпребаруван збор на интернет во Америка.