Научници создадоа апликација за дијагностицирање анемија преку испратена фотографија од нокти на корисникот, пишува Nature communications.
Задача на пациентот е со својот мобилен телефон да направи фотографија од ноктите, а апликацијата со помош на алгоритми, ја препознава здравствената состојба на корисникот. Преку оваа апликација се мери количината на хемоглобин во крвта.
Иако не станува збор за 100 проценти прецизна дијагноза, апликацијата може да послужи како алатка за рано откривање и препознавање на потешки облици на анемија.
Апликацијата би била најмногу корисна на потешко достапни места, каде луѓето немаат лекар во непосредна близина. Но, исто така, може да им служи и на трудници и на стари лица кои имаат потреба од анализа на крвта, а не се во можност премногу да се движат.
Smartphone app for non-invasive detection of anemia using only patient-sourced photos
A smartphone app for the detection of anaemia is presented in Nature Communications. The app detects anaemia by analysing photos of fingernail beds taken with a smartphone, and estimates haemoglobin levels. https://go.nature.com/2G2noeJ
Posted by Nature Communications on Среда, 05 декември 2018