Јужнокорејската компанија официјално го претстави паметниот телефон и потврди многу од карактеристиките што сите очекуваа да ги видат.
Најинтересната карактеристика на Samsung Galaxy A8s несомнено е предната камера која е вградена во самиот екран. За да се постигне овој ефект, инженерите на компанијата направија мала дупка во горниот лев агол,
користејќи специјални ласери.
Новиот паметен телефон е опремен со 6.2-инчен Full HD+ дисплеј со резолуција од 2340×1080 пиксели и сооднос на страните од 19,5:9. Екранот е базиран на Innity-O дизајнерскиот јазик на Samsung.
Високите перформанси ги гарантира Qualcomm Snapdragon 710 процесор, кој е дополнет со RAM меморија од 6GB или 8GB. Вградениот капацитет за складирање е 128GB, но може да се зголеми со слот за microSD картичка, објави Pocket-Lint. На задната страна има тројна камера.
Еден објектив има резолуција од 24MP и е надополнет со Ultra Wide и 5MP Depth сензори од 120 степени. Samsung Galaxy A8s работи со Android 9.0 Pie и ќе се продава во три различни бои: сина, зелена и сива.
Пред-нарачките започнуваат во Кина на 20 декември, кога ќе биде обелоденета и цената. Официјалниот старт на продажбите на паметниот телефон на европскиот пазар веројатно ќе биде во првиот квартал од следната година.
Ако 2018 година беше одбележана од малиот „notch“ на врвот на екранот, тогаш отсега може да се забележи дека 2019 година ќе биде запаметена како година на екраните со „дупка“, односно отвор во екранот за предната камера.
Веќе на 17 декември очекуваме да биде претставен Huawei Nova 4, додека моделот Honor View 20 ќе биде достапен на пазарот во Кина веќе од 26 декември.