Во рамки на видео серијалот Top 5, Porsche овој пат ги прикажа петте највредни автомобили од својата историја.
На петтото место на листата на најскапи модели на сите времиња е тркачкиот 917/30 Spyder од 1973 година, со 1200 коњски сили, а еден примерок од овој автомобил е продаден за 3 милиони долари.
Четвртата позиција ја држи еден од легендарните модели на произведувачот од Штутгарт, 550A Spyder од 1956 година. Тоа било првото Porsche кое било наменски направено за трки. Цената на овој модел на пазарот на класичните автомобили достигнала сума од 5.170.000 долари.
На третото место на оваа листа се најде Porsche 911 GT1 од 1997 година со 600 коњски сили. 911 GT1 содржи само 20 примероци, од кои еден од нив достигнал цена од 5.665.000 долари на една аукција.
На позицијата број 2 се најде уште едно тркачко Porsche, моделот 956 од 1983 година. Овој автомобил веројатно е најпознат по тоа што го држи рекордот на патеката на Нирбургринг веќе 35 години, а го придвижува 6-цилиндричен турбо мотор со над 600 коњски сили, а еден примерок е продаден за 10.120.000 долари.
На првото место, како најскапо Porsche на сите времиња, е тркачкиот автомобил 917K, познат по филмот “Le Mans” со Стив Меквин. Колку сега вреди овој автомобил, но и деталите за останатите скапоцени модели од листата можете да ги дознаете во видеото погоре.
Извор: B92.net
Поврзани артикли