Леталото без екипаж, вселенскиот брод “Федерација” би можел прв пат да ја обиколи Месечината до 2026. година, соопшти руската државна вселенска агенција “Роскосмос”.
“Само пет години подоцна, на почетокот на 2030-тите, леталото на површината на овој сателит на Земјата би можела да ги превезе и руските астронаути”, се наведува во видео-пораката која ја објави “Роскосмос”.
Првите пробни летови на бродот околу Земјината орбита, како што е планирано, би требало да почнат во 2023. година.
Инаку, пробните летови на бродот без екипаж првобитно беа планирани за 2015. година.
Оваа 2018. година би требало да биде изведен првиот лет на бродот со екипаж.