Италијанската агенција за заштита на конкурентноста го казни Facebook со 10 милиони евра.
Агенцијата ја казни компанијата поради продажба на податоците на корисниците. Агенцијата смета дека Facebook го прекршил Законот за потрошувачи и ги користел податоците во комерцијални цели, а за тоа претходно не ги известил корисниците.
Facebook, исто така, е обвинет за примена на агресивни практики кон своите корисници, бидејќи кога корисникот сака да го ограничи споделувањето на личните податоци, тогаш веднаш му се дава до знаење дека ризикува значително да му се намали користењето на услугата.
Поврзани артикли