Откако во медиумите почнаа да се појавуваат информации дека идните паметни телефони наместо засек (notch), ќе имаат отвор во форма на букавата “О”, почна и своевидна трка помеѓу производителите кој прв ќе претстави таков смартфон. Најпрвин се мислеше дека тоа ќе биде Samsung, но тогаш се огласи и Huawei со најава дека подготвува таков телефон и оваа компанија ќе биде прва.
Во класичната трка на зајак и желка, двата производитела всушност ја одиграа улогата на зајакот и притоа успеаја да заборават на желката – Lenovo. Имено, откако Huawei објави дека телефонот Nova 4 пристигнува на 17. декември со кружен отвор, Samsung повлече контра потег, објавувајќи дека Galaxy A8s ќе пристигне една недела претходно, на 10. декември.
И таман кога се мислеше дека Samsung ќе го претекне Huawei, се замеша Lenovo, со својот модел Z5s, кој исто така ќе биде кружен отвор на екранот. Lenovo го најави претставувањето за 6. декември, четири дена пред Samsung и дури 11 порано од Huawei.
За спецификациите на моделите Nova 4 и Galaxy A8s веќе претходно пишувавме. Lenovo Z5s ќе има 6,3-инчен FHD+ екран, ќе работи на Snapdragon 675 процесор, ќе има три камери на задната страна и батерија со капацитет 3.210 mAh.
За разлика од смартфоните на Samsung и Huaweij, кои отворите во екранот ќе ги имаат од левата страна, моделот на Lenovo ќе го има во средина. Така барем сугерира нивниот тизер, со кој го најавуваат Z5s.
Поврзани артикли