Јапонија ја укинува и последната услуга за пејџери неколку децении откако ваквата технологија беше исфрлена од употреба од страна на мобилните телефони.
Од компанијата Tokio Telemessage, последната што нудеше вакви услуги, изјавија дека дека ќе ги укинат понудите за пејџери во септември 2019 година поради намалена побарувачка. Компанијата соопшти дека бројот на корисници паднал под 1.500 и покрај фактот што уредите не се произведуваат веќе 20 години.
Пејџерите беа најпопуларни во деведесеттите години, а од компанијата велат дека тие ја достигнале највисоката бројка на претплатници во 1996 година – 1,2 милион.
Иако не е познато кој во Јапонија користи пејџери, најверојатно се работи за луѓе што работат во болници бидејќи пејџерите не емитуваат електромагнетни бранови.