Необичен феномен: Жолт снег ја прекри Кина (ВИДЕО)

Во градовите ширум Кина паѓаше снег со жолта боја.

Во градови ширум Кина падна снег со жолта боја и ги изненади луѓето, кои на социјалните мрежи споделија видеа и фотографии од необичниот феномен. Најпрвин паднал бел снег, а потоа над овој слој падна и снег со жолта боја.

Директорот на Метеоролошкиот институт во Синџијанг, Хе Чинг, објасни дека станува збор за мешање на снег и песочна бура.

„Од минатиот петок многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови. Во областа Карамај е забележана песочна бура. Силните ветришта се заслужни за пренесување на песокот, а поради ниските температури тој паднал заедно со снегот“, објаснува Чинг.

Извор:  B92.net