За компанијата Kyocera можеби не слушнале голем број луѓе, но оние на кои им е позната, знаат дека телефоните на овој производител се креирани да бидат издржливи и за користење во работно опкружување. Новиот телефон на компанијата, DuraForce Pro 2, не привлекува толкаво внимание кога се во прашање спецификациите, но изработен е како вистински тенк. Една од функциите со која ретко може да се пофали некој телефон е импелемнтацијата на екранот од сафир.
Смартфонот се најде на тестот на популарниот YouTube канал JerryRigEverything, каде што Зак Нелсон успеа екранот на уредот да го изгребе на осмото ниво на Мосовата скала, со нешто подлабоките гребнатини на деветтото ниво. Вообичаено, стандардните телефони почнуваат да се гребат на шестото ниво, со подлабоки гребнатини на седмото ниво.
Гумените, пластични и метални делови на куќиштето беше можно да се оштетат, па дури и да се откине некое парче со помош на скалпел. Но, телефонот и покрај тоа ја задржа својата целосна функционалност. Помалку отпорен се покажа сензорот за отпечатоци од прсти. Софтверот постојаано пријавуваше дека сензорот е валкана, но повремено успеа да го прочита отисокот.
Последниот тест што го спроведе Нелсон е оној на свиткување – колку и да се трудеше да го свитка куќиштето, не му појде од рака. Вкупно гледано, Kyocera DuraForce Pro 2 е исклучително отпорен телефон, што го докажува и Military Standard 810G заштитата за падови, удари и екстремни температури и IP68 водоотпорност. Тука е Snapdragon 630 чипсетот, 4GB RAM и Android 8 Oreo оперативниот систем.
Како што забележа и самиот Нелсон, компаниите како што се Apple и Samsung ги можеле да се угледаат на Kyocera и да имплементираат поквалитетни материјали кога е во прашање заштитата, а ова посебно се однесува на имплементирање на стаклото од сафир.