За сите оние кои сакаат да ја задржат приватноста на одредена содржина, со цел да не се појавува на Facebook ѕидот, во подготовка е функција која ова ќе го овозможи. Студентката Jane Manchun Wong откри код во Facebook кој покажува дека компанијата ја тестира можноста за забрана на одредени зборови, фрази и емотикони на Timeline-от на корисничките профили.
Wong, која е позната по откривање на скриени функции во апликациите, објави и твит со споменатата функција во акција.
Facebook is working on letting users to ban words/phrases/emojis from showing up on their personal timelines
Tip @Techmeme pic.twitter.com/9WpfDXEEu7
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) November 27, 2018
Се сугерира дека ова ќе биде мени, кое им овозможува на корисниците на Facebook да ги блокираат коментарите и објавите кои содржат одредени термини. Функцијата не забранува креирање на објави – корисникот и неговите пријатели и натаму ќе можат да ги видат.
Instagram сервисот, кој е во сопственост на Facebook има сличен систем на филтрирање на содржини, кој на корисниците им овозможува да ги скријат коментарите кои содржат специфични термини, но не спречува оставање на коментари.