Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ ќе отпушти 14.700 работници и пониски службеници во Северна Америка, а најавено е затворање на седум фабрики.
Ваквите чекори се во рамки на планот на компанијата за намалување на трошоците и фокусирање на автономните и електрични возила.
Намалувањето опфаќа отпуштање на 8.100 службеници од кои некои ќе добијат отпремнина, додека други ќе добијат отказ без отштета.
Директорката Мару Бара изјавила дека „Џенерал моторс“ не предвидува економски пад и дека компанијата прави кратења додека сè уште е силна.
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, рече дека е многу разочаран од објавата на „Џенерал моторс“ дека ќе затвори седум фабрики до крајот на годината, вклучувајќи ја и онаа во Отава.
Тој навел дека Владата ќе направи сè што е потребно за да им помогне на семејствата на работниците кои ќе останат без работа.