Минатата недела LG поднесе барања за трејдмарк имињата Flex, Foldi, Duplex и Bendi. Ова најверојатно ќе бидат имињата на претстојните флексибилни уреди и телефони на свиткување на LG. Сега имаме нов патент на LG, кој опишува смартфон со голем флексибилен екран, без рамки.

Патентот опишува сличен модел на телефон на свиткување, каков што осамна и на почетокот на годината, но овој пат со помали рамки. Дизајнот на патентот е поднесен кај KIPO организацијата во Јужна Кореа, а одобрен е и објавен на 23. октомври.

Новиот патент опишува телефон речиси без рамки, со голем флексибилен екран кој ги прекрива сите четири страни на уредот. Екранот може да се отвори во формат на таблет, но само куќиштето не може да се свиткува.

 

Кога телефонот е расклопен, од левата страна се наоѓаат куќиштето и дисплејот, додека од десната страна е само флексибилниот екран. Споменатиот дизајн е значајно поинаков од она што го презентираа Samsung и Royole, кои веќе прикажаа смартфони на превиткување.