Според информациите кои редовно се појавуваат, Samsung Galaxy S10 со 5G поддршка ќе биде вистински ѕвер. Анаталитичарите на компанијата GF Securities предвидуваат дека комплетно опремената верзија на смартфонот ќе има 12 GB RAM и 1 TB простор за складирање. Покрај ова, тука се и 6,7-инчниот екран, четирите камери на задната страна и две предни камери.
Претходните гласини сугерираа дека најмоќниот S10 модел ќе има простор за складирање од 512 GB. Можно е 1 TB да го вклучува и додатокот преку micro SD слот, со оглед дека и Galaxy Note 9 беше рекламиран на овој начин.
Постојат неколку телефони кои се веќе објавени или најавени со 10 GB RAM, но 12 GB би било нешто специфично и ново на пазарот. DeX режимот, посебно опцијата за Linux на DeX, може Galaxy премиум моделите да ги претвори во своевидна десктоп замена, така што дополнителниот RAM не би требало да биде занемарен.
Се очекува дека 5G верзијата на Galaxy S10 ќе има ќерамичка задна страна, а една од четирите камери одзади ќе биде 3D Time of Flight сензор.