Во древна египетска гробница стара повеќе од 3.500 години, археолозите дојдоа до најновото откритие – пронајдоа два саркофага со мумии во “совршена состојба”.
Тим на археолози од Универзитетот во Стразбур ги пронајдоа мумиите неодамна во долината Асасиф кај градот Луксор, пренесува BBC.
Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Мостафа Вазири изјави во саботата на прес-конференција дека археолозите стигнале до најновото откритие во текот на работењето на таа локација, кое го почнале во март.
Во текот на археолошките ископувања, во истата гробница се пронајдени и околу 1000 погребни статуи. Експертите сметаат дека гробницата и припаѓа на 18. египетска династија, која владеела од 1.550 година пред новата ера, до околу 1.300 година пред новата ера.
Mummy of 3,000-year-old woman found 'perfectly' preserved in Egyptian coffin https://t.co/6tQgSbu9bN pic.twitter.com/Qt3s007dFb
— LADbible (@ladbible) November 25, 2018
Пред две недели, во неодамна откриените древни гробници во близина на Каиро, археолозите пронашле колекција на мумифицирани мачки стари повеќе од 4.000 години.
Тогаш беа вкупно откриени седум саркофага во пирамидлниот компелкс на кралот Усеркад, а три помеѓу нив содржеа мумии на мачки.
Планирано е и продолжение на истражувањето на неодамна откриената локација во Сахара, каде археолозите пронашле врати кои водат во друга гробница, која и натаму е запечатена, а која планираат да ја отворат во следните недели.