Пред две недели, Samsung дебитираше со своите експериментални концепти на исечоци во врвот на екранот и прикажа поширок спектар на дизајни на дисплејот. Иако сето тоа не наведе да бидеме сигурни дека Galaxy S10 ќе има некои од тие засеци, новите снимки кои се појавија, тоа всушност го демантираат.
Заштитното стакло на екранот детално го опиша доверливиот дојавувач Ice Universe, кој прецизно ги опиша многуте дизајни на паметни телефони пред нивното официјално претставување. Само заштитното стакло на екранот ги одразува безрабните страници, кои повеќе пати се појавуваа во текот на минатата година, но имаше малку веродостојни протечени информации.
Galaxy S10 Screen Protector! pic.twitter.com/LPn6OSOBAd
— Ice universe (@UniverseIce) November 22, 2018
Можеби најважна работа кај ова заштитно стакло на екранот е дека продолжуваат напорите на Samsung да се откаже од популарниот „notch”. На врвот на маската се наоѓа мал засек, каде се очекува дека ќе биде сместен звучникот. Нејасно е што Samsung планира со својата предна камера, бидејќи изгледа дека нема простор на тенкиот дел на горната маска, ниту итвор за својот нов Infiniti-O концепт.
Постојат четири верзии на Galaxy S10 моделот кој наводно се во фаза на подготовка, што значи дека ова би можел да биде и модел од средната класа, кој во целост би се ослободил од предната камера. Алтернативно, Samsung би можел да има своја сопствена pop-up камера слична на Oppo Find X или Vivo Nex. Меѓутоа, Infinity-O исечокот за кој се шпекулираше, би можел едноставно да биде екран со најголем screen-to-body однос досега, едноставно покриен со оваа заштита на екранот.
Поврзани артикли