Вселенската компанија SpaceX за 7 јануари следната година подготвува прво лансирање на ракета што би требало да превезува астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS), објави NASA.
Лансирањето од вселенскиот центар ,,Кенеди” е новост во комерцијалната програма, со што за прв пат по десет години ќе се превезуваат астронаути, кои полетале од американско тло. Капсулата на SpaceX би требало да превезе тројца астронаути, од истиот лансирен простор од каде што полета и Аполо 11 во 1969 година.
НАСА не го објави планот на летање , но вели дека со него ќе се откријат особините на ракетата Фалкон 9, капсулата Crew Dragon како и операциите за можностите при спојувањето со вселенската станица. НАСА за својата програма со човечки екипаж ги одбрала како партнери SpaceX и Boeing користејќи ја нивната капсула и леталото Crew Dragon и CST-100 Starliner.
По укинувањето на американската шатл програма во 2011. година, NASA се потпираше на Русија во праќањето астронаути на Меѓународната вселенска станица, која лета во орбитата на околу 420 километри над Земјата.