Ford бара начин да го отстрани оној карактеричстичен мирис на нов автомобил, кој на кинеските клиенти навистина има смета, пишува Detroit Free Press. Додека повеќето клиенти уживаат во мирисот на нов автомобил, во Кина секој десетти клиент го мрази мирисот, според истражувањето спроведено од страна J.D. Power.
„Мирисот на внатрешноста е главниот проблем на автомобилската индустрија на овој пазар“, вели Брент Грубер во име на J.D. Power. „Да го ставиме ова во контекст, двојно се повеќе оние кои се жалат на мирисот на нов автомобил во споредба со оние кои на кои им пречи големата потрошувачка на гориво, што е втората најчеста причина за незадоволство кај новите сопственици”, објаснува Грубер.
Затоа, Ford во потрага по решение, патентирал постапка за отстранување на мирисот што го предизвикува органска компонента. Ford советува паркирање на сонце, отворање ги прозорците и поставување на вентилацијата и греењето на максимална моќност. „Овој патент е резултат на години на истражување и е само една од идеите кои ќе ги примениме“, вели Деби Милевски, раководител на техничкиот оддел за материјали во Ford.
Иако звучи како задоцнета првоаприлска шега, станува збор за прав патент со изобилство на напредна технологија, а првично замислен за автономните возила.
Извор: Додај Гас