Кина наскоро ќе стане побогата со резерват за панди, која ќе биде двојно поголем од националниот парк Јелоустоун во САД.
Во неговата изградба ќе бидат вложени милијарда и пол долари, а резерватот треба да обезбеди заштита за пандите во југозападната провинција Сечуан.
Овој проект ќе ја зајакне економијата на Сечуан и ќе ги подобри условите за живот на пандите во овој планински регион. Покрај тоа, паркот ќе биде место каде што сите обожаватели на овие животни ќе можат да уживаат во текот на целиот ден.
Се очекува дека резерватот ќе привлекува скоро по 20 милиони посетители годишно, пренесоа тамошните медиуми.
Џиновската панда се смета за неофицијална маскота на Кина, а овие животни некогаш живееле во јужните и источните предели на земјата, а сега ги има само во шест планински венци во провинциите Сечуан, Шанси и Гансу.