Пристигнува новата H-надградба за Wear OS системот, кој помеѓу останатото донесува опција за заштед на батеријата, го поедноставува исклучувањето на уредот и опцијата Smart App Resume.
Google одлучи да ја дистрибуира новата верзија на својот оперативен систем за паметни часовници WearOS.
Новата верзија на овој систем позната и како WearOS H донесува неколку новитети меѓу кои вреди да се истакне новиот начин на работа кој ќе ја редуцира употребата на часовникот со WearOS само на најосновните функции, како што е приказ на времето.
Надградбата, исто така, го поедноставува процесот на исклучување на WearOS уредот, кој сега се затвора со едноставно држење на Power копчето и се појавува мени кое содржи само две ставки (ресетирај го уредот или затвори го уредот).
Тука е и опцијата Smаrt App Resume која управува со начинот на кој на WearOS се стартуваат апликациите, а часовникот сега оди во длабок sleep начин на работа по 30 минути неактивност. Некои од споменатите функции нема да бидат присутни на сите уреди (зависно од производителот и моделот).