Google Earth сними сенки од подводен ѕид кој се протега по дното на Тихиот и Атланскиот окреан и ја опкружува нашата планета.
Истражувачите тврдат дека овој подводен ѕид е подолг од 10.000 километри, а најјасно се гледа покрај брегот на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија.
Кооридинатите се 12°8’1.5″N, 119°35’26.4″W. Исто така велат дека ова не е природен феномен, туку дело на раце – дали човечки, дали од некој напреден вид.
Пред неколку години едно момче забележало покрај брегот на Мексико пирамидална структура. Сепак од почеткот се мислеше дека тоа е мајанска пирамида, но набрзо се појавија тврдења дека тоа е изградено од цивилизација која живеела пред Маите.
Скептиците велат дека треба да се биде внимателен зошто теоретичарите на завери и НЛО ентузијастите често на снимките на Гугл Земја наоѓаат докази за своите убедувања.
Поврзани артикли