Престижната програма ги наградува уредите и услугите кои го претставуваат неверојатниот дизајн и инженерство во најсовремената технологија.
Компанијата Samsung, светски лидер за технологија, соопшти дека триесет од нивните нови продуктни иновации се добитници на CES 2019 Наградите за Иновации, меѓу кои и две признанија за најдобра иновација. Оваа престижна програма ги наградува уредите и услугите кои го претставуваат неверојатниот дизајн и инженерство во најсовремената технологија.
Наградите го акцентираа наследството на Samsung во развојот на иновативни технолошки решенија што ја промовираат и унапредуваат индустријата. Оваа година, наградуваните иновативни решенија на Samsung се дел од голем број категории, меѓу кои Визуелен Дисплеј; Фитнес, Спорт и Биотехнологија; Безжични Слушалки и додатоци; Паметен Дом; Биртуелна и Изменета Реалност; Компјутерски Хардвер; Компоненти и Периферни Уреди; Аудио/Видео вградено во возила; Одржливост и Еко-Дизајн.
“Направивме значајна инвестиција во областа на 5Г технолгоијата, Интернетот на Нештата (IoT) и вештачката интелигенција во изминатава година и чест ни претставува да сме признаени по нашата решителна потрага за да им помогнеме на потрошувачите и индустријата да го направат она што не можеа претходно. Горд сум на креативноста на нашиот тим, нивната посветеност и иновативниот пристап кој го имаа за да ги овозможат најдобрите решенија на пазарот.“ – изјави Тим Бакстер, Претседател и Извршен Директор на Samsung за Северна Америка.
Дел од наградените продукти на Samsung се:
Samsung Galaxy Note 9 – Уред кој е веќе одамна препознаен по најсовремените иновации од Samsung претставени на пазарот. Супер моќниот Galaxy Note 9 е премиум телефон со батерија која овозможува целодневен перформанс. Уредон е достапен на корисниците со низа функционалности, меѓу кои новото “S“ Пенкало со Bluetooth поврзување, најинтелигентната Samsung камера досега и до еден терабајт меморија за зачувување податоци. Галакси Ноут9 е доволно моќен за да успее да го “држи“ со вас вашето динамично темпо и да ви биде секојдневна поддршка.
Samsung Galaxy Tab S4 – Овој 2 во 1 андроид таблет е дизајниран за сите оние кои сакаат да го искористат максимумот од своето време дури и кога се во движење и овозможува да работите попаметно. Со помош на Samsung DeX, долготрајната батерија, префинетото “S“ пенкало, 4 AKG звучници, овој нов таблет допринесува за зголемена продуктивност но и повозбудлива забава – во било кое време, без разлика каде се наоѓате.
Samsung Galaxy Watch – Премиум, моќен паметен часовник за сите оние кои посакуваат да направат се, а воедно и да изгледаат одлично. Неговата долготрајна батерија и LTE поврзаност им овозможуваат на корсниците вистинско самостојно искуство. Со препознатливата ротирачка рамка на Samsung и подобрената поставеност на стилските опции добивате паметен часовник кој изгледа како традиционален рачен часовник кој е интуитивен за користење. Со над 39 вежби и фитнес активности и новите опции за управување со сонот и стресот, моќниот паметен рачен часовник им помага на корисниците да останат фокусирани на своето здравје и да ги остварат целите за нивна добросостојба.
Wireless Charger Duo – Комбинација од безжичната станица за брзо полнење и безжичниот пад, овој двоен полнач им овозможува на корисниците на брзина да го наполнат својот телефон истовремено полнејќи геџет за носење, или пак, друг телефон кој е “Qi“-компитабилен. Полначот ја елиминира потребата од отплеткување на кабли секогаш кога ќе е потребно да се дополнат батериите на уредите, а неговиот вграден држач нуди лесен пристап до екранот на телефонот.
Samsung DeX – Samsung DeX им помага на корисниците да искусат доживување како да работат на компјутер директно од нивните премиум Самсунг Галакси уреди. Можете едноставно да го поврзете со мобилен уред и екстерен монитор, или пак со Galaxy Tab S4. DeX им овозможува на корисниците да го користат нивниот телефон или таблет како тастатура или табла на допир. Исто така, овозможува и двоен режим, односно корисниците може да продолжат да го користат телефонот или таблетот додека работат на екстерниот монитор, без разлика дали станува збор за видео разговор или пак цртање и пишување на забелешки. Исто така, корисниците на Note 9 може да го користат своето “S“ Пенкало за да менуваат слајдови од презентација додека го користат DeX уредот заедно со поголем екран.
SmartThings уред за следење – Мал, лесен GPS уред за следење кој се поврзува преку LTE-М мрежа и им помага на луѓето едноставно и попрецизно да ги следат работите кои им се најважни. Без разлика дали станува збор за ранец со спортска опрема кој е изгубен или пак домашното милениче се оддалечило од домот, следењето во реално време е едноставно со помош на апликацијата SmartThings на Samsung која е компатибилна и со Android и iOS. Членовите на семејството исто така може да го користат овој уред за на испраќаат известување за локација до SmartThings апликацијата која ќе го извести остатокот од семејството. Исто така, може да се користи и како сензор за пристигнување кој ќе поттикне автоматски активности, како на пример вклучување на автоматско светло, кога уредот е во близина.
HMD Odyssey + – Овој“Windows“ сет ги привлекува корисниците со неверојатно јасни детали кои овозможуваат удобност и на овој начин тие може да останат задлабочени во нивните омилени игри и содржини. Дополнително, покрај неговите Супер AMOLED екрани, “HMD Odyssey+“ уредот вклучува нова технологија за екрани наречена Ефект на Анти-Екранска Врата (Anti-Screen Door Effect,скратено anti-SDE), па гејмерите веќе нема потреба да се грижат за вртоглавиците и дисторзираниот поглед. Премиум дизајнот на овој уред е перфектно дополнет со богат и динамичен звук со АКГ технологија, вклучувајќи го и просторниот звук од 360°, како и видно поле од 110°– сѐ за овозможување на полесно и попрактично искуство на корисникот.
Samsung Galaxy A6 – За сите оние кои сакаат да добијат многу повеќе од попристапните паметни телефони, Галакси А6 има неверојатен екран, моќна камера и ново ниво на удобност. Со Супер AMOLED бесконечен екран кој ја оживува содржината со светли, богати бои и поддршка за проширување на меморијата до 400GB, Galaxy А6 има многу простор за зачувување видеа, музика и фајлови. Со 16 мегапиксели предна и задни камери, корисниците може да креираат фотографии и селфи фотографии кои воодушевуваат, а отворот на задната камера од F1.7 помага при креирање на светли и јасни фотографии во услови на слаба осветленост.
Samsung 256GB 3DS DDR4 RDIMM – Најбрзиот во индустријата DDR4 и меморискиот модул со највисока густина за следната генерација на компаниски серверски платформи е овозможен со најдобрите решенија за потрошувачка инфраструктура со висока густина и високи перформаски, заедно со исклучително ниска потрошувачка на енергија (15 вати на 1.2V).
Samsung Универзална Флеш Меморија за Складирање од 512GB – Прва во индустријата, 512 гигабајти вградена Универзална Флеш Меморија за Складирање (eUFS), за автомобилски аудио и видео системи и следната генерација предводнички мобилни уреди која ги користи новите 64-слојни 512 гигабајтни “V-NAND“чипови на Samsung. Пакетот од 512GB eUFS може да префрли видео клип со висока дефиниција на “SSD“ картичка во 6 секунди, преку осум пати побрзо за разлика од типична “microSD“картичка.
Samsung 3.84TB NVMe Z-SSD – “SZ1733“овозможува ново ниво на складирање за супер-компјутери насочени кон анализа на вештачка интелигенција, големи податоци и ИоТ апликации, користејќи ги новите “Z-NAND“ чипови на Самсунг кои овозможуваат десет пати повисоки перформански за читање на ќелиите од 3 битните “V-NAND“чипови.
Samsung LM302S – Најмодерната платформа за осветлување од следната генерација достапна денес е дизајнирана за да ја подобри работната ефикасност со постигнување на поздрави циклусни ритми (циклуси на спиење/будење) во текот на денот, со промовирање на континуитетот од ден кон вечер и поздрав сон. LED решението на Samsung може да ја подобри концентрацијата на луѓето овозможувајќи дури 10% зголемена работна продуктивност. Дополнително, може да им помогне на луѓето да спијат подобро во текот на ноќта благодарение на хормонот мелатонин кој е потиснат со помош на “LM302S“ во текот на денот.
Samsung “SSM-U“ серија – Нов вид на паметни модули со серија мали сензори базирани на радар со поголема чувствителност при детектирање разлики, за разлика од конвенционалните сензори, со невидлива трансмисија за поголема флексибилност во дизајнот во паметното осветлување на домот. Серијата “SSM-U“ може да детектира суптилни движења и да пренесува сигнал до другите компоненти за да го контролира осветлувањето во вистинскиот момент.
CES Наградите за Иновации се спонзорирани од Асоцијацијата за Потрошувачка Технологија (CTA™), сопственик и организатор на CES. Голем број од продуктите на Samsung кои беа добитници на награди ќе бидат изложени на Саемот за Потрошувачка Електроника CES 2019, кој ќе се одржи во период од 8 до 11 јануари, 2019 година. Штандовите на Самсунг ќе бидат лоцирани во Централната Сала на Конвенцискиот Центар во Лас Вегас. Останатите наградениуреди ќе бидат изложени во рамки на поставката на наградени иновативни решенија на CES 2019 Наградите за Иновација, во Венецискиот Ресорт Хотел.