При купување на нов паметен телефон, траењето на батеријата е помеѓу поважните, ако не и најважните мерила? Еве преглед на смартфоните претставени оваа година со батерии со капацитет од 4000 mAh и поголеми.
Huawei P20 Pro
Во Huawei P20 Pro, првиот смартфон со три задни камери, вградена е батерија со капацитет од 4.000 mAh. Една од тие камери е опремена со сензор од 40 мегапиксели и објектив од Leica. Но, има и дополнителни адури: осмојадрен процесор Kirin 970 со шест или осум GB RAM, AMOLED екран со дијагонала од 6,1 инчи и резолуција 2240 х 1080 пиксели. За жал, не е баш евтин.
Razer Phone
Паметниот телефон наменет првенствено за вљубениците во игри, мора меѓу адутите да има и силна батерија. Razer Phone нуди капацитет од 4.000 mAh, процесор Snapdragon 835 со 8 GB RAM и графички чип, екран со дијагонала од 5,7-инчи, стерео звучници и др.
Xiaomi Pocophone F1
Pocophone F1 можеби не е најубавиот примерок помеѓу Андроидите, но нуди одличен однос помеѓу цената и квалитетот. Доаѓа со батерија со капацитет од 4000 mAh и го покренува осмојадрениот Qualcomm процесор Snapdragon 845, поседува 6,1-инчен екран со Full HD+ резолуција. Во текот на тестирањето, батеријата издржа без проблеми ден и половина, а поддржува и брзо полнење.
Motorola Moto E5
Moto E5 ја има една од најголемите батерии во овој преглед: масивни 5.000 mAh. Но, покрај неа, ќе треба да се согласите на стар процесор (Snapdragon 425 со 2 GB RAM), помал екран (5,7 инчи) и само 16 GB меморија за складирање. Сепак, ако барате поевтин смартфон и траењето на батеријата ви е најважниот аспект, Moto E5 е добар кандидат.
Asus Zenfone Max Pro
Asus Zenfone Max Pro е телефон од средната класа опремен со Snapdragon 636 процесор (со 3, 4 или 6 ГБ RAM), LCD екран со дијагонала од 5,99 инчи и чудовиште од батерија која нуди капацитет од 5.000 mAh.
Поврзани артикли