Samsung го официјализираше својот нов премиум телефон на преклоп, како модел со ознака W2019.

Уредот е опремен со два AMOLED екрана, па можно е да го користите и без отварање.

И покрај условно кажано, старомодниот концепт, кој подразбира физичка тастатура и копчиња за навигација, Samsung W2019 е далеку од старомоден и го одликува прилично модерен хардвер.

Уредот е опремен со Snapdragon 845 чипсет во комбинација со 6 GB RAM и 128 GB или 256 GB интерна меморија, проширлива преку microSD картички.

Двата Super AMOLED дисплеја со дијагонала од 4,2 инчи имаа резолуција 1920 x 1080 пиксели и однос на страници 16:9.

На задната страна на уредот се наоѓаат две камери, една од 12MP (f/1.5-2.4) и втора телефото камера со 2x оптички зум. Предната камера има сензор од 8 мегапиксели (f/2.0).

https://twitter.com/AndroidInfotec/status/1061534758142758912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1061534758142758912&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2018%26mm%3D11%26nav_id%3D1468157

Батеријата со капацитет 3070mAh се полни преку USB-C конектор. Телефонот го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo и Samsung кориснички интерфејс.

Samsung W2019 е направен од премиум материјали – алуминиум и стакло, и се произведува во сребрена и златна варијанта.

За жал на љубителите на вакви телефони ширум светот, уредот ќе им биде достапен исклучиво на купувачите на кинескиот пазар.