Програмерите наскоро ќе можат да ги присилат корисниците на Android апликациите на ажурирање. Дури и ако корисникот не е баш расположен за тоа.
На Android Dev Summit, Google најави цела низа нови алатки и можности за програмерите. Но, најголем интерес предизвика најавата за In-app Updates API.
Се работи за можноста програмерите да ги присилат корисниците на апликации на апдејт и тоа еден од двата начина.
Најпрвин ќе го блокира користењето на апликацијата и ќе го прикаже известувањето за надградбата на целиот екран, додека апликацијата во позадина ќе се апдејтува. Ваквиот систем е замислен да ги спречи корисниците да користат апликации, кои имаат голема грешка или сигурносен пропуст.
Вториот начин, сепак, е нешто пофлексибилен и му допушта на корисникот да продолжи да ја користи апликацијата во текот на преземањето на апдејтот.
Од Google порачуваат дека програмерите и авторите на апликациите сами ја барале таа можност, првенствено за да се осигураат дека корисниците навистина ги користат најновите верзии на апликациите.
Што тоа точно, во пракса, ќе значи за корисниците, се уште не е целосно јасно. Посебно ако корисникот се најде во ситуација да има премалку простор на својот паметен телефон. Дали системот поради присилно ажурирање ќе тргне во бришење на фотографии, видеа или документи?
Поврзани артикли