Производителот на електрични автомобили, Tesla, денеска објави дека Робин Денхолм, главната финансиска директорка на австралискиот телекомуникациски оператор „Тестра Корп“, ќе го замени Елон Маск на местото претседател на бордот на компанијата.
Денхолм ќе ја напушти функцијата финансиски директор и шеф на стратегијата на „Телстра“ по истекот на шестмесечниот отказен рок кој и го дала таа компанија, се наведува во соопштението на Tesla, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Производителот на електрични возила додаде дека Денхолм како шеф на Tesla ќе има договор со полно работно време.
Таа, според соопштението, привремено ќе се повлече од функцијата претседател во ревизиската комисија на Tesla, додека не ја напушти австралиската фирма.
Tesla се соочуваше со сериозни проблеми во изминатите неколку месеци, поради контроверзните твитови на Маск дека обезбедил финансирање за приватизација и повлекување на компанијата од берзата, што подоцна беше одречено.