Социјалната мрежа Facebook денеска објави дека во текот на вечрашниот ден и во текот на ноќта биле блокирани 115 Facebook-профили поради постоење „сомнение за координирано не-автентично однесување” поврзано со странски групи кои се обидувале да влијаат на изборите.
Како што посочија од компанијата тие изгасиле 30 Facebook-профили и 85 Instagram-профили и во моментов се врши нивно испитување, објави АП.
Компанијата Facebook пристапила со бришње на профилите откако добила информации од американските официјални претставници за можното мешање на „странски лица” на изборите, напиша шефот на службата за сајбер-безбедност на компанија, Натанел Гличер.
Тој додаде дека компанијата ќе ја информира подетално јавност за тоа веднаш штом ќе се соберат повеќе податоци, вклучувајќи и информации за тоа дали блокираните профили се поврзани со Интернет-истражувачката агенција со седиште во Русија или други странски лица.
Како што посочи шефот на службата за сајбер-безбедност на Facebook, речиси сите блокирани профили се на руски или француски јазик.