Иако iPhone XR е најевтин од годинашните нови телефони на Apple, се очекуваше да биде и најпродаван во серијата, но изгледа дека ова не е случај. Според извештајот на Nikkei Asian Review, најдостапниот годинашен iPhone моментно не остварува добра продажба, а ова доведе до тоа Apple да го откаже засиленото производство на моделот.
Овој потег сигнализира разочарувачка побарувачка за iPhone XR моделот, а Apple на производните погони на Foxconn и Pegatron им испрати инструкции да прекинат со имплементирање на дополнителни производни линии. Двете компании ги склопуваат смартфоните на Apple, заедно со Wistron.
Овој потег практично значи дека Foxconn ќе произведува околу 100.000 помалку телефони секој ден за да се рефлектира предвидената побарувачка. Тоа претставува 20 до 25 проценти помалку во однос на најоптимистичните прогнози на Apple. Pegatron се соочува со слични проблеми, додека Wistron погоните служат за поддршка доколку другите две фабрики бидат пребукирани (за што изворите сугерираат дека нема да се случи во текот на оваа празнична сезона).
Иако Apple имаше големи очекувања за XR моделот, компанијата сега всушност има повеќе нарачки за iPhone 8 и 8 Plus, а комбинирано двата постари модела имаат околу пет милиони повеќе нарачки. Apple очекуваше продажба од околу 20 милиони на овие модели, но бројката сега скокна на 25 милиони.
Поврзани артикли