Многумина не се согласуваат да плаќаат за мобилните апликации, но Google може да има решение за овој проблем – да собере се во една претплата, пишува Engadget.

ХDA и Киера Квин открија истражување во „Гугл Опинион Ривордс“ што укажува на создавање на претплата за апликации наречена „Плеј Пас“ (Play Pass).

Според истражувањето, таа може да нуди апликации и игри во вредност од „стотици долари”, но во рамките на месечна претплата, чија сума не е прецизирана. Не е јасно кога Play Pass ќе стане реалност, додава веб-страницата.

Ова не е прва претплата за апликации за Android, но може да биде најзначајна.

Истражувањата покажуваат дека Google Play не генерира доволно приходи од преземања во споредба со App Store на Apple. Овој потег може да ја намали разликата меѓу двете онлајн продавници, предизвикувајќи ги корисниците на Android да платат достапна цена за претплата, наместо за еднократни исплати за одделни апликации.

Сепак, остануваат некои важни прашања. Како Play Pass ќе избере кои апликации ќе се најдат во претплатата? Дали тоа значи дека ќе има сопствени „миленичиња“? Сигурно компанијата ќе мора да одговори на овие и многу повеќе прашања пред услугата официјално да биде лансирана.