Автомобилската компанија Toyota објави денеска дека повлекува повеќе од 1,6 милиони возила во светот поради проблеми со воздушните перничиња.
Toyota првично објави дека повлекува 1,06 милиони автомобили. Европа е посебно погодена со 946 илјади возила, во главно моделите Авенсис и Корола.
– Системот на воздушни перничиња мора да биде заменет – порачуваат од компанијата.
– Може да дојде до интерен краток спој, што ќе го оштети системот…Во некои случаи може да дојде до деактивација на воздушното перниче, како и на системот што овозможува на ремените да се блокираат во случај на судир – додаваат од компанијата.
Toyota повлече во вториот бран уште 600 илјади автомобили од кои 255 илјади во Европа. Во тие возила мораат да се постават нови системи за активирање на воздушните перничиња на страната на возачот.