Се чини дека на Huawei одлично му оди, посебно со новите модели на Mate серијата. Според компанијата, бројот на нарачки на моделот Huawei Mate 20 Pro во западна Европа постигнала рекорден број во првите 10 денови од објавувањето на телефонот. Иако не се објавени точните бројки, Mate 20 Pro има за 40 проценти поголем број на нарачки отколку досегашниот нивен рекордер P20 Pro.
Компанијата е задоволна од зголемената популарност на брендот во западна Европа. За разлика од други кинески брендови како Xiaomi и Oppo, Huawei на европскиот пазар е присутен со години, но компанијата овој континент го следа како отскочна штица за развојот на 5G технологијата. Повеќе информации за Huawei Mate 20 Pro можете да погледнете на овој ЛИНК.