Со цел да поттикне дебата меѓу корисниците, популарната социјална мрежа Twitter размислува да ja укине „лајк“ опцијата.
Twitter успеа да се издигне над лошите прогнози и драстично ја подобри заработката во последниот квартал. Сепак, компанијата ќе се одлучи за ризичен потег – укинување на опцијата да се „лајкне“ објава со „срце“.
Џек Дорси, директор на социјалната мрежа, рече дека никогаш не му се допаѓала идејата за „лајк“ и дека со укинувањето на опцијата ќе се поттикне дебата, бидејќи корисниците повеќе ќе комуницираат откако таа опција повеќе ќе ја нема.
За да не останат корисниците само со опцијата „ретвит“, Twitter ќе ја воведе опцијата Bookmarks, што ќе овозможи „означување“ на твитовите што ви се допаѓаат, но само за себе, а авторите на твитот тоа нема да го видат.
Не беше соопштено кога ќе биде укинато „лајкањето“ на Twitter, но според Дорси нема да чекаме многу.