Јужноафрикански студенти изјавија дека со помош на човечка урина создале нови тули кои се безбедни за животната средина.
Студентите од Кејп Таун комбинирале урина собрана од машки тоалети со песок и бактерии, а овој процес им овозможува на тулите природно да се стврднат на собна температура.
Тие изјавија дека одреден ензим во оваа мешавина реагира со урината и создава кацлиум карбонат, кој е главна компонента на варовникот, а служи да ги поврзе преостанатите материјали.
Обичните тули треба да се печат на висока температура во печки што продуцираат голем количини јаглероден диоксид.