Qualcomm го официјализира својот гејминг чипсет со нови процесорски јадра – Snapdragon 675, како подобрување на понатаму свежиот модел Snapdragon 670.

Најголемо ажурирање е подобрениот процесор со Kryo 460 јадра. Двете јадра се базирани на новиот Cortex-A76 за перформанси и можат да достигнат до 2 GHz, додека останатите шест јадра се тука поради ефикасност и се базирани на Cortex-A55.

ISP и GPU остануваат исти како кај Snapdragon 670 чипот (Spectra 250 и Adreno 612).

Новиот чипсет пристигнува со бројни оптимизации за гејминг, вклучувајќи го енџините како што се Unity, Unreal, Messiah, NeoX. Тука е и поддршката за популарни алатки и API, вклучувајќи ги Vulkan, OpenGL 3.2, OpenCL и Snapdragon профајлерите.

Секторите за контрола на видеото и звукот се воглавно исти, со 4K @30 fps, поддршка за три камери до 16MP (или еден 25MP senzor). Измена е кога сликата се креира со новиот повеќејадрен AI Engine, кој донесува до 50 проценти вкупни подобрувања.

Snapdragon 675 ја поддржува Quick Charge 4+ технологијата за сите производители кои се подготвени да ја имплементираат во своите уреди.

Тука е и поддршката за Bluetooth 5, Dual VoLTE, Dual-band Wi-Fi 802.11 ac со MIMO 2×2, како и Cat.12 брзини на преземање до 600 Mbps. Платформата веќе им е достапна на производителите и на уредите се очекува на почетокот на 2019. година.

https://youtu.be/MoxnudfBNjk