Откако помина повеќе од една година во вселената, астронаутот на НАСА, Скот Кели има прилично импресивен албум со фотографии направени од вселената.
Кели на едногодишната мисија на Меѓународната вселенска станица отпатува во март 2015. година, а за време на својата мисија спроведувал најразлични експерименти. Тој го постави и рекордот за американските астронаути затоа што вкупно во вселената помина 520 дена.
Подоцна рекордот ѝ припадна на Пеги Вајтсон која што е актуелна рекордерка со 665 дена поминати во вселената.
Кели Скот вршел експерименти фокусирани на ефектите на вселенските патувања на човечкото тело, а покрај сите обврски, тој правел и фотографии. Својата импресивна колекција ја објави во книгата насловена како “Infinite Wonder” која што ја претставува приказната за неговиот живот во вселената и уникатната перспектива на нашата планета.
Астронаутот своите фотографии најчесто ги правел со Nikon D4, а ги објавувал и на социјалната мрежа Twitter.