Вакво суштество никогаш не било видено во овој дел на светот, тврдат австралиските истражувачи.
Во водите на Јужниот океан е забележана фасцинантна видео снимка од необично морско суштество, за кое подоцна е утврдено дека станува збор за вид на морска краставица – “Enypniastes eximia”.
Ова суштество кое многумина потсетило на “безглаво пиле” првобитно го добило прекарот “чудовиште”, а забележано е како плива на брегот на источниот Антарктик, што е прв пат да биде забележано овој вид да плива во ова подрачје.
“Снимките од камерите оставаат без здив, вклучувајќи ги видовите кои никогаш не сме ги виделе на овој дел на светот”, рекол др. Дирк Велсфорд, од програмот на Австралиската антарктичка дивизија.
Суштеството има облик на буре, додека телото во целост му е транспарентно. Најмногу време минува на дното на океанот, користејќи ги своите мрежасти пераи со чија помош се движи.
Морската краставица “Enypniastes eximia”, претходно била видена само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984. година.
Извор: B92.net
Поврзани артикли