Tesla го помина Mercedes со бројот на следбеници на Twitter и на тој начин стана најпопуларниот автомобилски бренд на оваа популарна социјална мрежа.
Социјалните мрежи станаа една од најмоќните алатки за пазарот во автомобилската индустрија.
Еден од автомобилските брендови кој меѓу првите го има препознаено потенцијалот на Twitter и има создадено силна база на фанови на оваа социјална мрежа е Tesla.
Овој производител на луксузни електрични автомобили од Соединетите Американски Држави во неделата стана најпопуларниот бренд на Twitter, кој во моментот на пишување на овој текст имаше 3.033.541 следбеници. На тоа место доаѓа откако од тронот го симна германскиот премиум бренд Mercedes (3.031.320 следбеници).
Несомнено е дека голем број на следбеници на Tesla генерира и првиот човек на компанијата, Илон Маск, чии „твитови“ се следени од над 23 милиони луѓе ширум светот.