Националниот институт за рак, Националниот институт за здравство и Универзитетот за медицина „Фајнберг“ спровеле долго истражување во кое анализирале податоци за пиење кафе. Истражувањето е направено со лица на возраст од 38 до 74 години.
Резултатите покажале дека луѓето кои пијат кафе живеат подолго од оние кои не пијат кафе, или пијат малку или ретко.
Сепак, резултатите од ова истражување покажуваат корелација, а не конекција. Во извештајот се вели дека испитаниците кои пијат повеќе кафе генерално водат поздрав живот. Додека кафето без кофеин не ги дава сите благодети на она со кофеин, сепак содржи голем број од важните елементи.
Важно е да се напомене дека бремените жени треба да избегнуваат кафе со кофеин поради тоа што нероденото бебе не може да го преработи кофеинот.
Некои од придобивките од пиењето кафе се:
- 20% намален ризик за рак;
- 20% намален ризик за дијабет-тип 2;
- 30% намален ризик за Паркинсонова болест;
- 5% намален ризик за срцеви болести.