Камен од Месечината продаден за над 600.000 долари

Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.

Купувач на лунарниот камен е виетнамски државјанин, вработен во еден комплекс пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.

Каменот се состои од шест дела кои можат да се вклопат како сложувалка.

Тој е пронајден минатата година во пустинскиот регион на африканската држава Муританија.