Од 29 септември до 1 октомври во Минхен се одржа најголемиот светски фестивал за сопственици, инвеститори и старт-ап бизниси – „Bits & Pretzels“.
На овој фестивал кој ги собра најголемите светски имиња од најголемите компании во светот, и има повеќе од 5.000 посетители кои задолжително мора да се пријават однапред, се организира на 7 различни бини на кој говорат повеќе од 100 гости, а повеќе од 150 експерти споделуваат свое знаење. На овој фестивал кој траеше три дена, единствен претставник од Македонија беше компанијата „Интертек“, која втора година по ред е дел од овој настан.
Според директорот на „Интертек“, Виктор Митревски, да се биде дел од ваков голем настан и да се слушнат искуства од толку големи светски имиња е неописливо.
„На овој фестивал, кој веќе традиционално се одржува во Минхен, јас и мојот тим, имавме можност да слушнеме за искуствата кои ни ги споделуваа најголемите свтески имиња од најголемите компании. Имавме можност да слушнеме голем број на бизнис совети за развој на компанијата и правилен раст и како до правилно менаџирање, дали крипто технологијата е измама на 21 век или пак идината, и ред други теми кои навистина беше чест и задоволство да се слушнат. Овој фестивал може да донесе големо искуство за секој кој ја посетил и бидејќи сме единствена компанија од Македонија која беше дел од овој фестивал, сакаме топло да ја препорачаме во иднина секој да ја посети“, изјави Митревски.
Според него, она кое било посебно интересно е панелот на Матиас Шранер, поранешен преговарач во полиција за решавање на заложнички драми. Тој говорел за тоа како да ги подобрите своите преговарачки особини. Исто така поранешниот возач во Формула 1, Нико Розберг, кој сега е инвеститор имал свое обраќање и мотивациски говор коој никого не оставил рамнодушен. Посебно внимание привлекол Танај Бакаши, 14 годишен ултра талентиран млад човек, кој работи како инженер за развој на вештачка интелегенција во ИБМ. Според многумина тој оставил одличен впечаток презентирајќи своја апликација со одлични вештини и енергија.
Имено овој фестивал има за цел да ги спои инвеститорите, сопствениците и почетниците да споделат свое искуство и да изградат соработка. Она што е интересно е дека оваа година за прв пат имало MATCHMAKING AREA каде што имало средби и брзи состаноци со многу луѓе од различни области од кој се развиле доста потенцијални клиенти и партнери.