Паметните телефони почесто служат за фотографирање отколку за водење разговори, покажаа резултатите од истражувањето на компанијата LG.
Ова се случува бидејќи смартфонот ни е секогаш при рака и ги има сите функции за извршување на целта. Од него се испраќа електронска пошта, служи како будилник, може да се слуша музика и да се гледаат филмови, со него може да се фотографира и да се снимаат видеа.
LG ја следеше навиката на корисниците на смартфони во САД и Јужна Кореја, каде 87 проценти од испитаниците изјавиле дека со мобилниот фотографираат најмалку еднаш неделно, додека 82 отсто изјавиле дека еднаш неделно разговараат на телефон со некого.
Резултатите на истражувањето покажаа дека кај 80 проценти од испитаниците употребата на камерата е почеста и од користењето на телефонот за преглед на социјалните мрежи.
Дури 61 отсто од испитаниците при комуникација со некој, повеќе испраќаат фотографија отколку текстуална порака. Фотографиите од деца и селфи сликите се најпопуларни во САД, додека Корејците повеќе испраќаат фотографии од јадење и патувања.
Снимањето видеа е популарно кај 74% од испитаниците, додека 68% снимаат и испраќаат видеа од интересни места.
Извори: Vijesti.ba / BETA